Драматична е состојбата, за последните три месеци 83 лекари побарале дозвола да ја напуштат Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 април, 2019 18:46

Силјановска: Ситуацијата е драматична, ќе останеме без доктори во државата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од опозициската партија ВМРО, денеска изјави дека алармантна е состојбата со докторите во државава. Таа вели доколку власта не превземе нешто Македонија ќе остане без доктори, а граѓаните ќе треба сами да се лекуваат.

За студентите, професорката Силјановска Давкова е еден од најинспиративните професори. Според спроведено на повеќе факултети во рамките на Универзитетот „Кирил и Методиј„ (УКИМ), Силјановска-Давкова е еден од најинспиративните професори.За нејзе студентите велат дека е професионална, објективна и пријателски расположена.

Драматична е состојбата, не знам колку сте во тек, меѓутоа за последните три месеци како што објави Левица 83 лекари побарале дозвола да ја напуштат Македонија. Тоа значи дека еден дневно лекар има намера да си замине, еве јас јавно апелирам до Владата она што го вети 100.000 денари веднаш уште утре да го реализира, зошто ако продолжи со ова темпо заминувањето на лекарите, ние ќе треба сами да се лекуваме, а тоа е катастрофално:

Силјановска вели дека Владата мора да има излезни решенија за оваа ситуација.  Вели дека тоа е приоритет, а не советниците на Владата. 

„И затоа би сакала да ги чујам нив што мислат, кои се излезните решенија, дали некој ги прашува, дали имаат самите некој идеја како би можело да се надмине ова ситуација. Но, сепак мислам дека кога на избори ќе предочите едно ветување мора да се држите до него, ако е тоа најургентно ќе почнете прво со него, а не прво со советниците на владата, туку прво со лекарите зошто нашето здравје е загрозено секако. Беше загрозено од неподносливите височини на загаденост, стрес, ако на тоа додадеме социјална положба, ако на тоа додадеме економски проблеми значи за мене е тоа број еден проблем што треба веднаш да се реши.“

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести