Професорката на својот Фејсбук додаде дека вчера добила информација дека премиерот Зоран Заев, објавил многу важна информација, но таа незнаела за што станува збор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 април, 2019 20:09

Силјановска со остра критика до Заев: Премиерот се занимава со Марихуана во сред кампања

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО, Гордана Силјановска Давковска со остра критика кон премиерот Зоран Заев. Таа на својот Фејсбук профил револтирана објави дека актуелниотпремиер, наместо да води грижа за приоритетите во државата, тој одвоил време за да објави кои компании добиле лиценца за производство на марихуана.

Оваа Влада издаде лиценци и на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели, со вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања,напиша премиерот Заев на својот профил.

Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана,напиша проф. Силјановска.

Професорката на својот Фејсбук додаде дека вчера добила информација дека премиерот Зоран Заев, објавил многу важна информација, но таа незнаела за што станува збор.

Вчера, некој ми кажа дека нашиот премиер објавил мошне важна вест на својот профил na фејсбук. Си реков, да не дошле конечно Гугл (Google) и Фејсбук (Facebook) во Македонија? Или можеби 15 нови млади старт-ап компании отвориле 15 нови работни мести за високо образовани инженери (не зборувам за старт-ап компаниите поддржани од Фондот за иновации кои на срамен начин парите наменети за креативците им ги дадоа на сдсмовската политичка, клептократска, и медиумска клика, туку за оние вистински млади јунаци коишто тука градат свои компании)? Се израдував и дека можеби 15 студенти регистрирале 15 патенти, потпомогнати од Владата или дека 15 земјоделци засадиле 15 нови лозја, изградиле 15 хипермодерни стакленици за патлиџани со највисока технологија или создале 15 нови сточни стада со нови раси. Си велам, да не 15 ученици или студенти од Македонија победиле на 15 светски натпревари по математика, физика, роботика, астрономија? Или, пак, 15 спортисти зеле златни медали на првенства и направиле 15-милионски трансфери во клучните светски клубови? Или 15 млади македонски писатели и поети завршиле на кусите листи за 15 клучни светски литературни награди? Но, не била за тоа објавата, пишува Силјановска…

Таа додаде обраќајќи се до граѓаните, дека нашиот премиер наместо да води грижа за она што е приоритетно, тој успеал да одвои време за да објави кои компании добиваат лиценца за производство на марихуана.

Замислете, почитувани граѓани, нашиот премиер, сред кампања нашол време да објави кои 15 компании добиле лиценца за производство на марихуана. На што се сведе нашава Македонија? Наместо да објавуваме важни вести за развој на индустријата, за поддршка на старт-ап бизниси, за воскреснување и вознес на македонската култура, иновативност, спорт и уметност, ние имаме премиер за кого важна вест и досега единствен економски проект во двегодишното работење е давањето лиценца за производство на марихуана!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести