Копривата е бесплатен делотворен природен лек со хранлива вредност

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 март, 2019 0:01

Сите благодети од зелената кралица на природата- копривата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Нема подобар природен лек за прочистување на крвта од копривата. Таа е и борец против слабокрвноста и опаѓање на косата.

Копривата е бесплатен делотворен природен лек со хранлива вредност и одличен извор на  витамините А, Ц, Б, D, K, на минералите калциум, калиум, магнезиум, железо, силициум, сулфур и, се разбира, на хлорофил и ензими.

Освен за крвта копривата е делотворна и за висок крвен притисок, алергии, артритис, а исто така и за сите видови кожни заболувања. Најдобро е да се конзумира свежа бидејќи така може да ги внесете сите витамини со кои изобилува.

Копривата е богата со: белковини, јаглени хидрати, масти, калциум, фосфор, железо, витамини Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина 

Доколку не сте знаеле, листовите на копривата содржат 5 пати повеќе калциум и шест пати повеќе витамин Ц од спанаќот.

Доколку сте од оние кои имаат проблем со пролетните алергии кои ќе настапат набргу, важно е да пиете чај од коприва, бидејќи научните истражувања покажале дека токму тој помага за алергиите. Но, пред  да почнете да користите сируп, екстракт или чај консултирајте се со вашиот лекар.

Чајот од коприва се користи и за воспаленија кај мочните патишта и спречува појава на камења во бубрегот.  Како „чистач“ на крвта, чајот е корисен и за акните. Се препорачува и за лечење на инфекциите на устата, афти или воспаленија.

Семето од коприва кое може да се најде во секоја продавница со здрава храна се препорачува да се конзумира како додаток во било кој чај, или во било која солена храна како зачин, бидејќи е делотворна за регулирање на железото во крвта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...