Иако во глобала цените се исти за сместувањата како и минатата година, сепак пијалаците се во просек за околу 1 евро повисоки отколку во 2018 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 мај, 2019 15:30

Скок на цените во Грција- еве колку чинат кафето и пијалаците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако пред извесно време беше објавено дека поскапува гирото во Грција, сега српски „Телеграф“ објави дека и кафето и другите пијалоци се поскапени за едно евро.

Македонците најчесто ја одбираат Грција поради пристапните цени кои одговараат на сечиј џеб но изгледа годинава ќе ја заменат со некое поефтино место

Иако во глобала цените се исти за сместувањата како и минатата година, сепак пијалаците се во просек за околу 1 евро повисоки отколку во 2018 година.

Како што објави Телеграф, во Олимпискиот регион половина литар домашно грчко пиво чини во просек околу 3,5 евра, а увозните до 4,75 евра, а цените на Халкидики се приближно исти. Во Сарти, на вториот крак , лежалките ќе ги добиете бесплатно, но со најмалку еден испиен пијалак, главно кафе кое чини 4 евра или пиво од 3 до 5 евра.

Во туристичкото место Неа Мармарас, како и вообичаено, цените се малку повисоки отколку во останатиот дел од Халкидики, па кафе на плажа ќе ве чини 3 евра, а мало пиво дури 5 евра.

Кога станува збор за Халкидики, може да се издвои Никити како едно од местата кое е најевтино.

Тука кафето не надминува 2,5 евра со лежалка, а пивото е до 4 евра. Сендвичите и сувлакито чинат од 2,5 до 4 евра.

Што се однесува до водата, шишенце од половина литар чини 50 центи, а она од еден литар од 1,5 до 1,7 евра.

Како што објави Телеграф, не само цените на плажа, туку и цените во рестораните, исто така, се поскапи за 1,5 евро и споредба со податоците од 2017 година, па така за оброк во просечен ресторан ќе платите најмалку 8 евра. Доколку купуват хран аза носење, цените  не се разликуваат многу во цела Грција –  главно гирото е од 2,5 евра па до 4 заедно со сок, сувлаки 2,90 евра, тиропита 2,5 евра итн.

Во места каде што се плаќаат лежалки цената е обично 5 евра за лежалка (северна Грција и островите Додеканези), додека на Кикладите изнајмувањето лежалки за плажа е многу скапо, и се движи до 120 евра во Миконос.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.