Во некои центри во Република Македонија жаришта на кризата како што е на пример Прилеп гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија и така натаму.

Објавил: Перо Милчин | 19 февруари, 2021 20:00

Славески: Економија е исцрпена, не случајно Владата најави дека ова е последен пакет на антикризни мерки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ говореше за целата ситуација со КОВИД-19 во земјата и посочи дека Македонија е земја која полека се исцрпува и не случајно владата навести дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плата во висина од минималната плата.

„Најважна мерка треба да биде сузбивање на пандемијата, со сите можни средства, продолжување дури можеби и зајакнување и воведување на поригорозни мерки. Како што гледаме сега од ден во ден се зголемува бројот на дијагностицирани лица, се зголемува бројот на починати лица, на хоспитализирани лица.

Во некои центри во Република Македонија жаришта на кризата како што е на пример Прилеп гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија и така натаму.

Нема простор за опуштање. Ние сме една од земјите полека се исцрпуваме и не е случајно она кое владата го навести, а тоа е дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плати во висина на минимална плата овие два месеци што би се покриле со петтиот пакет месеците февруари и март“, рече Славески во своето гостување.

Понатаму Славески во своето гостување говореше за мерките кои ги презема власта за надминување на кризата и укажа дека државата користела позајмени средства кои ќе треба да се враќаат со релативно високи камати. Имено Славески објасни дека главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо.

Да се потсетиме дека ние користевме позајмени средства кои што ќе треба да ги враќање со релативно високи камати. Главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било многу слабо, од таму некаде предвидено над милијарда евра средства искористени само 1/3 или 3.5% од БДП. Овдека ако дозволите само сакам да споменам дека првата седница на оној економски совет кој беше формиран за време на техничката Влада, по првиот удар на пандемијата јас имав дискусија и нормално сите дадовме проценки или веројатности. Спомнав дека можеби ќе треба да се троши 1% од БДП месечно во тоа време беше околу стотина милиони евра месечно. Владата го предвидела со досегашните четири пакети мерки, но далеку е од искористеноста“, додаде Славески.

Владата тврди дека мерките се носени во консултација со бизнис секторот, реалноста не го покажува тоа, вели Славески.

„Паѓа во вода тоа дека мерките се во консултација со бизнис секторот. Денес гледаме дека не е така. Имаше протести во Скопје на главните улици и се беше блокирано. Блокадите и протестите беа токму од тој бизнис сектор“, кажа Славески.
Славески додаде дека парите кои што ги дава Владата на организаторите на настаните се многу малку.
„Има 29 мерки на број но не може сите да ги коментираме, но вака телеграфски она што би го кажал како што гледаме ајде да почнеме со оние кои што денес протестираа организаторите на настани, свадби. Не мислам дека може да се вратиме на она што било како организација на настаните пред КОВИД кризата, но помошта треба секако да биде поголема. За тоа што овие средства што им се даваат не стигнуваат ниту за минимална плата, а тие имаат и трошоци за кирија, за комуналии“, појасни Славески.
„Мала е и помошта што е предвидена и за занаетчиите, околу 5.000 евра. Занаетите и занаетчиите се многу тешко погодени“, рече Славески.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...