Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува.

Објавил: admin@magazin | 12 февруари, 2021 9:11

СНЕГОТ ДОАЃА ОД УТРЕ И ЌЕ ЈА ПОКРИЕ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Времето денес во државава ќе биде сончево и значително постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од -1 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува.

Температурата на воздухот ќе с еискачи до околу 3 степени.

Потоа под влијание на циклонска активност за време на викендот времето ќе биде облачно и многу студено со врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и јужните предели од државава. Насекаде ќе се формира снежна покривка, позначителна во западните и во јужните предели (локално над 30 сантиметри). На планините истата значително ќе се зголемува.

Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец. Минималните температури понекаде ќе се спуштаат и под -12 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -8 до 2 степени.

Многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната недела кога наутро температурите понекаде ќе се спуштат и под -15 степени, максималните пак на повеќе места ќе останат под нулата.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...