Во тек е расправата за Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2021 година, во второ читање.

Објавил: Перо Милчин | 16 декември, 2020 15:45

Собранието донесе повеќе закони од различни области

Фото/Текст извор: ©канал 5

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пред усвојувањето на дневниот ред на седницата соопшти дека скоро на секоја седница, барем половина од точките се по скратена постапка.

Пратениците денеска во рамки на 26. собраниска седница разгледа повеќе предлог-закони во второ читање. Собранието со 61 глас „за”, без ниту еден против и без воздржани ги донесе Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување, Предлог-законот за изменување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, Предлог-законот за изменување на Законот за личното име, како и измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и на Законот за комуналните дејности.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пред усвојувањето на дневниот ред на седницата соопшти дека скоро на секоја седница, барем половина од точките се по скратена постапка. Посочи дека продолжува истата практика или, како што рече, Владата да се крие зад вас колегите пратеници. Дополнително, како што рече, „европското знаменце” продолжувате да го ставате секаде каде што мислите дека ќе има проблем со одредени закони.

Тој соопшти дека на денешната седница на дневниот ред има четири точки, предлог-законите за рамномерен регионален развој, за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, за Агенцијата за разузнавање и за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, сите во прво читање. Мицевски посочи дека овие законски решенија не се разгледани од матичните тела и од Законодавно-правната комисија и побара да бидат тргнати од дневниот ред на денешната седница.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законите се доставени на време за да можат да бидат разгледани. По однос на ставањето на дневен ред, Џафери рече дека Деловникот дава надлежност претседателот на Собранието да може и во пократок рок од 10 дена да свика седница и да предложи дневен ред. Во тој контекст, како што рече, немаме спор.

Предлогот на Мицевски за четирите точки да бидат симнати од дневен ред, беше ставен на гласање, но не доби поддршка од пратениците. Против гласаа 61 пратеници, а само еден глас „за”.

Во тек е расправата за Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2021 година, во второ читање.

На дневен ред на оваа седница се повеќе точки по скратена постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Исклучок од забраната и посебниот режим на движење се вечерните часови од 1 мај до 2 мај, односно за време на верскиот празник Велигден, како и вечерта на 12 мај за време на верскиот празник Рамазан Бајрам.

Се отвораат терасите на кафеаните и кафулињата, јавниот превоз до 21 часот

На вчерашната 67 седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести...

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

Инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори, затворени се три угостителски објекти за непочитување на новите рестриктивни мерки

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето...

Министерот Филипче на прес-конференција ќе ги соопшти деталите, односно колку време ќе трае овој нов полициски час.

МАКЕДОНИЈА ПОД КЛУЧ: Владата го усвои предлогот – од утре полициски час од 20 часот

Владата на денешната седница го усвои предлогот на кризниот штаб, и одлучи од утре ...

Мицевски го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека пописот ќе биде нереален и упати критики дека ниту еден нивни амандман не бил прифатен.

Попис во април, Собранието со 62 гласа „за“ го изгласа Законот

Со 62 гласа „за“ Собранието денеска го изгласа Законот за попис на населението и домаќинствата,...