„Бременоста ми ја следеше д-р Гордана Петровска. Најпозитивната и најстручна докторка која досега сум ја запознала.

Објавил: admin@magazin | 9 ноември, 2019 20:41

СОЛЗИ РАДОСНИЦИ: Охриѓаните Ристана и Ванчо на 53 години ги добија близнаците Стефан и Стефанија!

Фото/Текст извор: ©аџибадем систина

29 октомври е најсреќниот ден во животот на Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид. По долгогодишни обиди за потомство, неколку неуспешни инсеминации и ин витро циклуси, среќата им се насмевнала.

Долго време биле во потрага по доктор кој ќе го реши нивниот проблем, сè дури на интернет не ги прочитале најубавите коментари за д-р Слободан Лазаревски од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Пред 16 месеци првпат оствариле комуникација со докторот, за кон крајот на октомври годинава во рацете да држат две слатки и мали бебиња, Стефан и Стефанија.

Пред 16 месеци првпат оствариле комуникација со докторот, за кон крајот на октомври годинава во рацете да држат две слатки и мали бебиња, Стефан и Стефанија.

Скромен доктор, кој работи со дела

„Пребарувајќи низ интернет прочитавме многу позитивни искуства што семејствата ги имале со д-р Лазаревски. Решивме да ја пробаме среќата и со овој доктор. Скромен човек, кој не зборува многу, но работи со дела, ете таков е нашиот д-р Лазаревски. Среќни сме што и ние се уверивме дека тој е најдобар. Првпат се запознавме во јуни 2018 година, а сега во рацете ги држиме Стефан и Стефанија“ – објаснува со насмевка на лицето 53-годишната Ристана.

По успешната ин витро постапка, бременоста продолжила да ја следи д-р Гордана Петровска. Среќното семејство објаснува дека нивната судбина била во рацете на најдобрите.

29 октомври е најсреќниот ден во животот на Ристана и Ванчо Ѓорѓиеви од Охрид.

За следење на бременоста беше задолжена нај позитивната докторка

„Бременоста ми ја следеше д-р Гордана Петровска. Најпозитивната и најстручна докторка која досега сум ја запознала. Постојано достапна и смирена ми влеваше сила и надеж дека сè ќе заврши како што треба. Би сакала да ги охрабрам сите парови никогаш да не се откажуваат, со добар медицински тим до себе и силна волја сè е возможно. Не постојат граници и пречки за поколение. Стефан и Стефанија внесоа огромна радост во нашите животи и, верувале или не, нè подмладија. Се чувствуваме толку прекрасно“- вели Ристана.

Стефан и Стефанија се родија во 35. недела од бременоста, со родилна тежина од 2770 и 2270 грама.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...