петок, 26 април 2024

MK/ EN/ DE



Ангел Џамбазки кој е европратеник и заменик претседател на бугарската ВМРО, исто така со пофални зборови до претседателот Пендаровски. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 јуни, 2019 18:44

Софија задоволна од Скопје: За прв пат од Македонија ја слушаме вистината за Гоце Делчев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Лидер.мк

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со пофални зборови по изјавата на македонскиот претседател Пендаровски дека македонскиот револуционер Гоце Делчев, всушност се декларирал како Бугарин.Ковачев изјави дека Софија е задоволна од Скопје, и дека за прв пат по сите овие години, од Македонија се слуша вистината, потенцираше Ковачев.

-За првпат од 1944 година ја слушаме од Скопје вистината за Гоце Делчев! Да, тој се прогласи за етнички Бугарин, без толкувања! Вистина е, исто така, дека тој се борел за автономна Македонија во рамките на Отоманската Империја, пишува Ковачев на социјалните мрежи.

Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија,[5] идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[
Ангел Џамбазки кој е европратеник и заменик претседател на бугарската ВМРО, исто така со пофални зборови до претседателот Пендаровски. 

-Ова е голем чекор напред. По години на фалсификати, по години на фалсификувана кражба на бугарската историја, на безобразни злоупотреби, актуелниот претседателот на братската Македонија вели дека е историскиот факт -дека Гоце Делчев е Бугарин. Оттука натаму евентуалните преговори за членство на Македонија во Европската унија ќе минуваат низ демонтирање на лажната надградба на македонската државност. За нас не постои сомнеж – поимот ‘македонска нација’ има свој датумот на раѓање – 2 август 1944 година во манастирот „Прохор Пчински“ кој понатаму беше наметнат со националното предавство на некои лидери во Софија по 1944 година, вели Џамбазки за бугарските медиуми, а пренесува АЛФА ТЕЛЕВИЗИЈА. .

За потсетување, Пендаровски изјавата за Делчев ја даде пред неколку дена.

-Гоце Делчев се декларирал за Бугарин и во исто време се борел за самостојна македонска држава, рече претседателот Пендаровски во интервју за емисијата „360 Степени“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.