Само Јовески, Заев и Спасовски се убедени дека некој го прислушкувал обвинителството, доволна причина да се дефокусира јавноста од уставните промени во Република Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 5 декември, 2018 9:32

Со што да прислушуваат, централата е од прошлиот милениум

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Аферата прислушување на судските власти зазема трагикомичен заплет, како сите институции тврдат дека поседуваат таков вид телефонски централи, некои стари и по половина век.

За претседателката на Институтот за човекови права и поранешна судиjка во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, најновиот случај со прислушувани телефонски разговори во зградата на Републичкото Јавно обвинителство е неприфатлив.

Таа се надева дека истрагата ќе ги даде потребните одговори.

Има многу прашања кои треба да се разрешат и се надевам дека истрагата ќе даде одговор. Веќе се во оптек многу прашања, кој дозволил и ја поставил таквата опрема и со која цел, дали и колку се прислушувани.

Сето тоа се работи кои во моментов не можам да ги коментирам затоа што немам доволно факти да ги елаборирам, но во секој случај ова е многу непријатна работа. – изјави Цаца Николовска одговарајќи на новинарско прашање.

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџоски вели дека треба да се утврди што точно е направено и дали на законски или незаконски начин е прислушувано.

Ако е направено на незаконски начин, треба да се одговара. – рече Караџовски, додавајќи дека кај нив централата е толку стара што нема шанса да има уред за прислушување.

Случајот со прислушувањето на фиксните телефонски линии во зградата на Републичкото јавно обвинителство на 30 ноември го обелодени државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Тој кажа дека сите фиксни броеви од телефонската централа во ЈОРМ биле прислушувани од 30 септември 2016 година, но оти има индиции дека почнало уште во 2013.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести