Спасовски за слабата излезеност на референдумот ги обвини граѓаните кои бојкотираа, воедно потврди дека ниту еден опозициски пратеник не пријавил обид за притисок

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 октомври, 2018 12:31

Спасовски стана аналитичар, слабата излезеност е директен резултат на бојкотот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски стана и политички аналитичар.

На своето гостување на националната приватна телевизија на Албански јазик, ТВ21 Спасовси прво на новинарско прашање дали има пријави од пратеници од опозиционата ВМРО – ДПМНЕ да не гласаат за уставните измени, изјави дека до сега ниту еден пратеник од опозиционите 48 не пријавил такво нешто.

Иако не беше дел од новинарското прашање, Спасовски се “пофали” дека сепак има пријави за притисоци и закани од членови и поранешни функционери од актуелното раководство на ВМРО – ДПМНЕ.

Очигледно дека Спасовски не знае дека само пратениците на ВМРО – ДПМНЕ имаат право да гласаат за или против уставните измени како имаат пратенички мандат.

На прашањето кој е неговиот став за пропаста на референдумот на кој излегле само 1/3 од електоратот, Спасовски повторно даде одговор кој нему му одговараше.

Оцени дека по неговите анализи слабата излезеност е директна последица на големиот број граѓани кои го бојкотитале процесот на гласање. 

Изјавата на министерот Спасовски не би била трагикомична ако не се знае фактот дека е дипломиран правник и дека тој бил на една од трите највисоки партиски функции во СДСМ, Генерален Секретар кој преку Организациониот Секретар е директно одговорен во реализацијата на изборните процеси, што е можеби одговор зошто СДСМ губеше на избори од 2006 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести