Партнерката на српската премиерка Милица Ѓуриќ, според магазинот Глорија, била подложена на вештачко оплодување.

Објавил: Перо Милчин | 4 февруари, 2019 14:04

Српската премиерка Брнабиќ наскоро ќе постане родител

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Српската премиерка Ана Брнабиќ (43) и нејзината помлада партнерка д-р Милица Ѓурѓиќ наскоро ќе постанат родители.

Партнерката на српската премиерка Милица Ѓуриќ, според магазинот Глорија, била подложена на вештачко оплодување.

Брнабиќ студирала деловна администрација на Универзитетот во Мичиген , САД , по што магистрирала маркетинг на Универзитетот Хул во Британија . До 2011 работела во УСАИД .

Како што пишува магазинот, Ѓуриќ поради бременоста неколку месеци не се појавува јавно со својата партнерка Ана Брнабиќ, а во Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, велат дека таа зела трудничко боледување.

Од кабинетот на премиерката, не сакале да откријат кој пол ќе биде бебето.

Ана Брнабиќ е прва премиерка на Балканот која се декларираше како геј. Српската православна црква се противела на нејзиното именување за мандатар, како и дел од членството на владејачката СНС. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.