Италијанските медиуми објавија дека возачот најверојатно е локален жител кој во моментот на несреќата бил пијан.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2020 12:52

СТРАОТНА НЕСРЕЌА: ПИЈАН ВОЗАЧ УБИ ШЕСТМИНА ГЕРМАНСКИ ТУРИСТИ ВО ИТАЛИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шестмина германски туристи загинаа, а 11 се тешко повредени откако во нив удрил автомобил во Северна Италија. 

Полицијата соопшти дека шест лица починале на самото место, е додека пак повредените туристи се превезени во локални болници. Несреќата се случила ноќеска во близина на Болцано, во моментот кога германските туристи се собирале за да се качат во автобус.

Италијанските медиуми објавија дека возачот е локален жител кој во моментот на несреќата бил пијан.

Претседателот на регионот Алто Адиџе, Арно Компачер, во изјава за медиумите рече дека жртвите, сите на возраст од 20 и 21 година, биле дел од група германски туристи кои биле на одмор во оваа област. 

Полицијата соопшти дека шест лица починале на самото место, е додека пак повредените туристи се превезени во локални болници.

Во светот на секои 24 секунди во сообраќајна несреќа згаснува по еден живот, или 1,35 милиони годишно, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на загинати лица во последните три години се зголеми за околу 100.000, а сообраќајните несреќи сега се водечка причина за смртта на деца и млади на возраст меѓу пет и 29 години.

Стапката на смртност во сообраќајки е висока во Африка, каде што гинат 26,6 лица годишно на 100.000 луѓе во споредба со 9,3 лица кои загинале на секои 100.000 Европејци.

Европа моментално е дел од светот со најниска стапка на смртност во сообраќајни незгоди.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...