Снегови продолжуваат да паѓаат во делови од земјата, а властите соопштија дека списокот на жртви сè уште не е конечен, пренесува Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јануари, 2020 15:56

СТРАШНО: Ладен бран во Авганистан усмрти најмалку 17 лица за еден ден – листата не е конечна(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 17 лица починаа денес како резултат на ненадејниот студен бран што го зафати Авганистан, соопштија официјални лица во Кабул.

Снеговите продолжуваат да паѓаат во делови од земјата, а властите соопштија дека списокот на жртви сè уште не е конечен, пренесува Ројтерс.

„Не очекувавме ваков ладен бран. Добивме извештај дека обилните снежни врнежи имаат последици, но во моментов немаме прецизни податоци за бројот на жртви“, соопшти Националната служба за катастрофи. 

Од Нова година, многу големи патишта се затворени поради снежните врнежи, вклучувајќи го и оној што го поврзува централниот дел на Авганистан, како и автопатот Кабул-Кандахар. Во некои делови на земјата, температурите се спуштија на минус 12 и најмалку 24 лица починаа од студот во саботата.

На западниот дел на провинцијата Херат, покривите на две куќи се срушија поради снегот, при што загинаа осум лица.
Метеоролошката служба соопшти дека ладниот бран се очекува да продолжи и во наредните недели.
Обединетите нации проценуваат дека најмалку девет милиони Авганистанци имаат потреба од хуманитарна помош, пред се во храна и засолниште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...