Ковачевски на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2020 10:08

ТАЖНА ВЕСТ: Почина портпаролот на ЕВН- Атанас Ковачевски! ПОЧИВАЈ ВО МИР!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 50 годишна возраст, почина портпаролот на ЕВН и поранешен новинар Атанас Ковачевски.

Ковачевски кој на јавноста и беше познат од ТВ екраните како новинар од сферата на економијата, а во последните години работеше како портпарол на ЕВН прерано го напушти овој свет.

На неговиот Фејсбук профил утринава можеше да се видат бројни пораки од неговите пријатели кои се простуваа од него.

Ковачевски претходно работеше во ТВ Канал 5, како и во Македонската радиотелевизија.

Новинарите на социјалните мрежи се простуваат од починатиот колега Атанас Ковачевски!

Емотивна посвета има Вики Ристовска Чадиковска.

– Требаше заедно да се вратиме во радио, да правиме емисија за душа. Така се договаравме. Ах бре Ацика. Каде толку брзо. Нека ти е светол патот. Душата нека ти го најде спокојот. Сигурна сум дека на небото ќе им ја одбираш најубавата музика на анѓелите со твоите емотивно силни најави. Многу ми е жал. Многу, другарче – напиша таа на „Фејсбук“.

Веста со неверувње ја примила и водителката на „Канал 5“, Милена Антовска Станковска.

– Беше еден од оние кои ми подадоа рака кога прв пат дојдов во Канал 5. Се понуди да ме научи како да се изразувам на телевизија и да ме научи на правилна дикција. Последен пат се видовме на линк (во време корона). Ти благодарам Атанас за сѐ. Почивај во мир. Сочувство до семејството. Жално, многу жално… – напиша Милена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam