Македонија и Бугарија ќе организираат заедничка културна програма во чест на Свети Кирил

Објавил: Данаил Михајловски | 22 мај, 2019 10:58

Џафери, Цветанка Иванова и Крсто Мукоски во Ватикан во чест на Св.Кирил

Фото/Текст извор: ©магазин

Спикерот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, на 24-ти мај ќе ја предводи делегацијата за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“, во Светата столица во Рим. Прием кај Папата Франциско, заедно со Талат ќе имаат и вицепремиерот Кочо Анѓушев, Цветанка Иванова (генерален секретар на Собранието), Крсто Мукоски (Независни пратеници), Јован Митрески (СДСМ), Никола Мицевски (ВМРО-ДПМНЕ), Ејуп Алими (ДУИ), како и поглаварот на МПЦ, Архиепископот Стефан.

 Дел од делегацијата ќе бидат и државниот скеретар во МНР, Виктор Димовски, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници. Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај светиот отец на Римокатоличката црква во Ватикан, папата Франциско, по што ќе оствара средба и со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин. Претходно, ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што делегацијата на Македонија ќе положи венец на гробот на св. Кирил. Во вечерните часови делегациите на Македонија и Бугарија ќе организираат заедничка културна програма на која свој настап ќе имаат уметниците Весна Гиновска-Илкова и Дино Имери.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести