Тасевски овој пат удри по политичарите кои се радуваат за предвремени избори и кои живееат од датум за датум.

Објавил: Весна Петровска | 22 октомври, 2019 9:40

Тасевски жестоко удри: Живеење од датум за датум – огласете ја државата за да дојде ЖИВОТ

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Актерот Сашо Тасевски постојано е во центарот навниманието со своите ставови на актуелните политички теми.

Тој без влакно на јазик ги критикува случувањата во Македонија на својот Фејсбук профил.

Тасевски овој пат удри по политичарите кои се радуваат за предвремени избори и кои живееат од датум за датум.

Ви го пренесуваме целиот статус на актерот.

– Значи новиот ДАТУМ е 12 април. Живеење од датум за датум. Мицковци се радуваат за предвремените избори, зашто знаат, ќе станат новите господари на бачилото. За тоа е радоста. Преземање на власта и моќта. Никогаш и не се радувале за друго. И едните и другите. Какви отворени листи, какви бакрачи. Нов изборен модел? Стапот на Дорчо.
Господарите на бачилото комуњарите и ќосињата имале консензус за патот кон ЕУ и НАТО. Тоа бил единствениот пат. Немало друг. Има луѓе. Има.
Ќе ја турите државава на оглас за продажба. Некој шеик од некоја пустина ќе види има неколку езера, реки, ќе ја купи. Да има каде да ги пои камилите. Ама ќе ја купи така да мора на секој жител да му даде по триста илјади евра на рака. Разумна цена, за него багатела, за нас радости. Тоа се пари кои ние со копуциве наши што владеат нема да ги заработиме ни за триесет животи. На таа пара, никој нема да мора да работи. Кафиња по цел ден ќе си прајме, додуша исто како сега, само што ќе ги пиеме на верандата од хациендичето наше на некој плажа во некоја далечна пичка мајчина. И ќе мезам мувлосани француски сирења, од инает, пошто француските салами други ги лапнаа. Ееееј тогаш на фејсбук само љубовна поезија ќе објавувам и сите ќе ме сакате и ќе се сакате.
Каде бе на избори? Со кое лице? Огласете ја државава за продажба. За да дојде животот, напиша Тасевски.

За потсетување, актерот Сашо Тасевски беше на чело на Драмскиот театар во Скопје, но по некое време тој е сменет од директорската функција, како што тој во тоа време обвини бил сменет од луѓе во СДСМ на кои им пречи сечиј успех зошто самите немаат квалитет.

-Има актери и актерки кои никој не ги знае по улогите што ги играле. Тие се најтоксични, зашто својот недостаток на талент го компензираат со сплеткарење на кое му лепат етикета „борба за демократија и квалитет“. Квалитет кои самите го немаат, па затоа секташки се групираат со слични на нив и прават штети во театрите и институциите, изјави актерот по смената на директорското место во Драмскиот театар во Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести