Гоце на својот Фејсбук профил денеска објави дека правдата ќе ја бара на протести.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 април, 2019 17:58

Таткото на прободениот Филип револтиран: Тие се шетаат со џипови, а син ми се бори за живот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Веќе 17 ден младиот Филип Филиповски, кој беше прободен во дискотека во Марино, се бори за живот, а неговиот татко Гоце Филиповски вели напаѓачите гордо и насмеано се шетаат по улица.

Таткото на избоденото момче Филип кое остана без бубрег и слезина, бара правда за напаѓачите

Гоце на својот Фејсбук профил денеска објави дека правдата ќе ја бара на протести.

Поминува и седумнаесетти ден од обидот за убиство на мојот син Филип Филиповски,МВР, Обвинителството кој и да е надлежен до каде стигнавте со истрагата и прибирање на докази или чекате убијците да му ја здувнат од државава? напиша денес Гоце на својот Фејсбук профил.

Пред неколку дена Гоце објави добра вест, дека неговиот син е дома, но револтиран на целокупната ситуација напиша дека дека синовите на Ѕвонко Цветковски кои го прободеле син му и шетале со џипови во неговото маало да се закануваат да не се дознае вистината.

– Како што очекував, прошетките со џиповите го постигнаа спротивното и ги сплотија уште повеќе родители, пријатели другари со истото мислење, нема да дозволиме банда да ги малтретира нашите деца, проработо родителскиот инстинкт. Законите на природата никој не може да ги смени, остануваме смирени и веруваме во институциите, ама степенот на будност е на највисоко ниво овојпат. Нешто ненормално се случува кај дечките во ножеви, мора да продолжат нашите деца слободно да живеат како до пред некој ден и мора д апобедиме за нашите деца. Не го чувавме 20 години за некој тука да му го одземе правото на живот, напиша таткото на Филип, пред извесно време.

Таткото на младиот Филип Филиповски минатата недела ги замоли сите кои можат да помогнат за да бидат обезбедени лекови за Филип, а пред неколку дена објави дека конечно вакцините кои беа потребни се обезбедени, а неговиот син е дома.

 

 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести