Како што објави порталот lider.com.mk, тепачката се случила за да му се направи услуга на Заев

Објавил: Узунов Бобан | 22 февруари, 2019 7:14

Тепачите на Миле и Спиро: Ова ти е за Заев и од Заев

Фото/Текст извор: ©магазин

Првиот ден од притворот, каде двајца поранешни министри завршија како осомничени за организација на крвавиот четврток- Миле Јанакиески и Спиро Ристовски биле нападнати, од нивните семејства се исплашени за безбедноста. 

Инаку, како што веќе објави lider.com.mk,  насилниците се фалеле дека го тепале Јанакиески за да му направат услуга на Заев. 


– Ова ти е за Заев и од Заев – извикувал еден од насилниците, неофицијално брифира извор на Лидер од одделението во Шутка.  


Новинарот Бранко Героски побара независна комисија која ќе го испита случајот во која би членувал и претставник на ВМРО-ДПМНЕ. Тој исто така обвини дека ова е линч кој не смее да се дозволи.

Од затворот Скопје, првин се огласија со соопштение во кое велат дека и Ристовски и Јанакиески вербално провоцирале во две засебни прошетки по што биле нападнати и им била пружена лекарска помош. Напаѓачи се двајца осуденици за Диво Насеље, Лирим Красниќи и Есад Кафеџоли осудени на по 40 години затвор и чекаат врховен да одлучи по нивни жалби. Потоа во изјава за медиумите, раководството на затворската управа го осуди насилството, вети безбедност на притворениците и најави целосна истрага.

Миле Јанакиески имал повреди на главата и на раката и барал да биде префрлен во болница. Директорот на градска болница 8-ми септември рече дека не се констатирани физички повреди и Јанакиески доцна вечерва е вратен во Шутка.  

Христијан Мицкоски кој беше во ГОБ „8-ми Септември“ со цел да го посети претепаниот Јанакиески, но беше спречен од затворската полиција.

Лудилото продолжува. Тоа што вчера го најавивме, денеска има свој продолжеток. Оваа криминална, непотистичка и насилничка власт, го покажува вистинското свое лице преку институциите со кои раководи, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести