Денеска Јанева беше приведена, а вечерва и беше одреден 30 дневен притвор во затворот Шутка.

Објавил: admin@magazin | 21 август, 2019 23:39

ТОРТЕВСКИ:” За мебел од 5.000 евра Катица не треба во притвор, право во Демир Хисар нека ја носат”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Адвокатот Александар Тортевски се огласи на „Твитер“ за денешните случувања во врска со обвинителката Катица Јанева, која вечерва и беше одреден 30 дневен притвор во Шутка.

Ако навистина земала мебел за 5.000 евра не треба во притвор. Право во Демир Хисар нека ја носат, пишува тој.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) за гонење организиран криминал и корупција од 15 јули оваа година води истражна постапка (случај „Рекет“) против две лица, Бојан Јовановски и Зоран Милевски, за кривичните дела „примање поткуп за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинителството истражува дали двајцата осомничени имаат поврзаност со специјалната обвинителка Катица Јанева. Денеска Јанева беше приведена на распит, а вечерва и беше одреден 30 дневен притвор во затворот Шутка.

„Со повеќе преземени дејствија двајцата осомничени за да го убедат осомничениот од предметот „Империја“ во влијанието кое едно од лицата го има врз јавниот обвинител, во повеќе средби телефонски преку спикерфон разговарал со јавниот обвинител и по разговорите и средбите откако осомничениот во случајот „Империја“ и неговата сопруга биле убедени во влијанието, и двете лица против кои се води истрагата од овој осомничен барале 8 милиони евра за олеснување на неговата положба, и на 20 февруари 2019 година двајцата осомничени дошле во домот на осомничениот во предметот „Империја“, зеле торба со марка „луи витон“ со еден милион евра, а додека тој бил во притвор од неговата сопруга зеле 500 000 евра“, рече Јовески и додаде:

„Јавниот обвинител го прифатил влијанието од осомничениот и дал предлог притворот против осомничениот во предметот „Империја“ да се укине и да му се определи поблага мерка куќен притвор, по што на 27 декември 2018 година Апелациониот суд Скопје донел решение за определување мерка куќен притвор.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...