Сообраќајната автобуската несреќа се случила во вчера доцна вечерта на авто-патот A9 во близина на Лајпциг. Според неофицијалните информации од полицијата до несреќата дошло бидејќи возачот заспал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 мај, 2019 11:53

Трагедија во Германија: Возач на автобус пробил ограда откако заспал, едно лице загина а 74 се повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страотна сообраќајна несреќа во Германија заврши фатално за едно лице кое загина, а 74 се повредени. Од нив 7 се здобиле со потешки повредени,а меѓу повредените има и 8-годишно дете.

Сообраќајната автобуската несреќа се случила во вчера доцна вечерта на авто-патот A9 во близина на Лајпциг. Според неофицијалните информации од полицијата до несреќата дошло бидејќи возачот заспал.

На фотографиите и на видеото може да се забележи превртен автобус кој буквално ја пробил заштитната ограда. Во евакуацијата учествувале неколку хеликоптери а повредените биле пренесени во болница.

Утрово е завршен увидот, а превртениот автобус е тргнат од местото на несреќата.

По речиси 12 часа, автопатот повторно е пуштен во редовен сообраќај.

Автобусот во кој се наоѓале 74 лица возел на релација Берлин кон Минхен за германската компанија „Фликсбус“која поврзува градови ширум Европа.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...