Според информациите од штипската полцијата, рано утринава во 3.05 часот од страна на екипата на Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Железничка“ има починато деветмесечно бебе.

Објавил: Весна Петровска | 7 мај, 2019 16:24

Трагедија: Почина бебе во Штип – наместо во болница го лекувале дома

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Уште една трагедија ги шокираше граѓаните на Македонија, почина бебе во Штип. Бебето имало здраствени проблеми повеќе од една недела и требало итно да го однесат во болница, но родителите го лекувале дома.

Според информациите од штипската полцијата, рано утринава во 3.05 часот од страна на екипата на Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата „Железничка“ има починато деветмесечно бебе.

Портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека од полициски службеници во СВР-Штип бил извршен увид на местото на настанот при што било констатирано дека истиот ден околу 3.00 часот, 32 годишната Е.М., мајка на бебето забележала дека бебето не дава знаци на живот за што повикала екипа на Брза помош, а од нивна страна била константирана смрт.

Во полициската станица веднаш бил спроведен разговор со мајката на деветмеселното бебе и од нејзиниот свекор.

Од разговорот со мајката на бебето и нејзиниот свекор А.М. дознале дека бебето повеќе од една седмица било болно, но истите не го однеле за укажување на лекарска помош во здравствена установа, туку го лекувале во домашни услови.

Телото на деветмесечното бебе по наредба на основен јавен обвинител од Штип е предадено за обдукција и точно ќе се знаат причините за настанувањето на смртта и дали има трагина на насилство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...