Словенија, Хрватска и Унгарија беа земјите кои имаа кандидати за позицијата комесар за проширување

Објавил: Данаил Михајловски | 10 септември, 2019 15:03

Унгарецот што одби екстрадиција на Груевски ќе биде ЕУ комесар за проширување

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Ласло Трошањи, од Унгарија, е предложен за нов комесар за проширување и соседска политика на ЕУ, соопшти денеска шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Трошањи беше министер за правда во владата на Виктор Орбан од 2014 до јули 2019-та година. Во ноември минатата година министерката за правда Рената Дескоска поднесе официјално барање до Будимпешта за екстрадиција на азилантот Никола Груевски, но во јуни 2019, после одлуката на надлежниот суд, тогашниот министер за правда на унгарија, Ласло Трошањи, испрати писмо со негативен одговор.

Изборот на Трошањи, како и на другите кандидати, изготвен по долги преговори, треба да добие и поддршка од новиот Европски парламент, но очекува дека тоа нема да биде проблем. Сериозни кандидати за позицијата комесар за проширување беа и словенецот Јанез Ленарчиќ, како и хрватицата Дубравка Шуица, поранешен градоначалник на Дубровник. Што се однесува до сега номинираниот кандидат, тој има позитивно мислење по однос на проширувањето на Европската Унија, став кој го има и официјална Будимпешта, но сепак тешко е да се предвиди дали таквиот став ќе успее да го наметне и врз неговите колеги во Комисијата кои се претставници на Франција, Холандија, Белгија и Данска, земји кои се поскептични на темата проширување и одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

Предложениот Трошањи има и дипломатско искуство, односно во периодот од 2000 до 2004 година беше амбасадор на Унгарија во Белгија, а од 2010 до 2014 година бил амбасадор во Франција. Трошањи беше заменик член на Венецијанската комисија на Советот на Европа од 2005 до 2013 година, како и член на Уставниот суд на Унгарија од 2007 до 2010 година. Трошањи е професор на правниот факултет на Универзитетот во Сегедин. Тој е роден во 1956 година во Будимпешта, а во 1980 година заврши Факултет по право и политички науки. Трошањи е оженет и татко на три деца. Член е на унгарската владеачка партија Фидез.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...