За Унковски наследниците на комунистичките партии од двете држави имале храброст да го решат "прашањето" за името така лесно

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 8:17

Унковски следен пат во Грција нема да биде од ФИРОМ туку од Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Режисерот и поранешен министер за култура Слободан Унковски во интервју за државната “Greek News Agenda” вели дека додавањето на придавката Северна е фер и реално решение одраз на состојбите на теренот.

“Гледајќи го ТВ преносот на потпишувањето на Договорот во Преспа – препознавајќи го длабокото разбирање за другата страна – довербата и пријателството меѓу врвните преговарачи невидено досега во меѓусебните односи – бевме сведоци на нешто што навистина се случува а само некој месец пред тоа изгледаше комплетно невозможно. Тектонско е пореметувањето со менувањето на името на една земја. Тоа не е лесно и секој од нас ја помина својата драма во врска со тоа.” – смета Унковски.

Според него не е реално да се очекува дека со Преспанскиот договор сите отворени прашања и натрупани трауми и стравови ќе бидат ставени ад акта.

“Но секако овој договор отвара огромна врата на можен развој на односите и најважно создава предуслови за нов позитивен старт во сите области. Се чини дека далеките наследници на комунистичките партии на обете земји – Сириза и СДСМ – имаа доволно храброст да го решат овој проблем како win win за обете страни не плашејќи се од ризикот за сопствената политичка иднина – за нивните животи – градејќи нов дух на комуникација и соработка на Балканот.” – посочува тој.

Унковски вели дека би се врати во Грција со нов драмски проект кога ќе се укаже можност.

“Овој пат не како режисер од ФИРОМ туку од Република Северна Македонија. Односно како човек од Театарот што е мојата права татковина.” – вели познатиот театарски режисер и професор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести