Тој го посети и новоотворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 ноември, 2020 18:24

ФИЛИПЧЕ: ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ УШТЕ 50 ЛЕГЛА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“.

Тој го посети и новоотворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.

 Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавноздравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите, изјави Филипче.

Во ковид центарот во Клиниката за очни болести е хоспитализиран првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е подготвена да помогне во згрижувањето пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.

Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно подготвена и оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...