Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави, потенцираше тој!

Објавил: Владо Марин | 20 октомври, 2020 19:31

Филипче: Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мерките за заштита од ковид-19 кои се во Собранието мора итно да се донесат. Пратениците да покажат одговорност и што поскоро едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот, вели министерот за здравство Венко Филипче!

Барам сите сложно да испратиме порака на единство околу важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства.

Исти или слични мерки во моментов веќе се на сила во сите европски држави, потенцираше тој!

Нема повеќе време за одлагање, состојбата со вирусот е сериозна.

Истовремено им порачувам на граѓаните дека и постоечките мерки и препораки се во интерес на заштита на нивното здравје и мора доследно да се почитуваат. Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секој од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата.

Следат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници, вели тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...