Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, вели Филипче!

Објавил: Владо Марин | 27 мај, 2020 13:52

(ФОТО)Ова е прекрасното семејство на Емилија Динева кои дадоа живот на три семејства во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти.

Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи. Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа, вели Филипче!

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов!

.

Емилија Динева по потекло од Јосифово, а која со сопругот и фамилијата живееше во Дојран, е жената чие срце и бубрези беа донирани на тројца пациенти.

Веста за случајот предизвика бура од емоции во Македонија!
Блиски пријатели и роднини на Емилија, која го изгубила животот во сообраќајна несреќа на социјалните мрежи се простија со неа, со трогателни пораки во кои се помешани тагата поради прерано изгубениот живот, но и гордоста што се испиша историја во нашето здравство!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...