Таа преку Фејсбук статус реши да им се обрати на хејтерите кои со денови ја напаѓаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2019 10:32

ФОТО: Тијана Дапчевиќ со остра порака удри по хејтерите кои со денови ја напаѓаа зошто не се врати во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сестрата на нашата претставничка на Евровизија, познатата пејачка Тијана Дапчевиќ реши да им одговори на оние кои јавно ја прозваа зошто не се врати во Македонија ако толку ја сака својата земја, и ја осудија зошто ја нарекува Северна Македонија…

Фејсбук статус на Тијана

Таа преку Фејсбук статус реши да им се обрати на хејтерите кои со денови ја напаѓаат.

-„Тијана зошто толку пишуваш за сестра ти?“, „Каква Северна Македонија??“, „Не пишувај така, поубаво остани во Србија“, „Зашто не се вратиш во Македонија, ако толку многу ја сакаш?“„Дијаспората нас не издаде“, се само дел од коментарите…

Е сега јас нешто да ве прашам: Дали ја слушнавте песната? М? Дали навистина ја слушнавте или ја претрчавте? Или немате никој повеќе да послушате, ни себе, ни некој друг.

А сега да одговорам на вашите прашања:

PROUD е она кога твојата сестра од 6 години гледа Евровизија и зборува „и јас еден ден ќе пеам тука“, иако поим нема ни која е таа во тој момент, а не што е Евровизија.

PROUD  е кога со месеци сите се како на игла додека се бира песната, фустанот, настапот и додека сите ги исфилтрираат добрите намери од лошите идеи, за да на крајот се добие настап од кој и времето застанува.

PROUD е кога она доаѓа на сцената, а јас имам впечаток да се е дојдено во исто време и никој претходно не бил на таа сцена.

PROUD е кога камерата ќе покаже крупен кадар на почетокот на песната и кога ја гледам право во очи и гледам дека тоа е тоа, дека нема потреба да се грижам, иако до пред три секунди не можев да дишам од трема.

PROUD е кога после настапот почнуваат да стигаат овации од сите страни, во облик на повици, пораки, солзи, смеење и навивање.

PROUD е кога знаеш дека секогаш имаш на кого да се ослониш.

PROUD е кога после 15 години го земаш виолончелото повторно во раце и апсолутно ништо не ме интересира, дали има некој фалш, бидејќи сакам на свој начин уште еднаш да покажам дека сум горда на себе, Тамара, сиот свој народ и сите оние кои не се откажале од своите соништа и од себе, пишува во својот статус Дапчевиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести