Холивудската актерка ја сподели среќната вест со светот во четвртокот на својот Инстаграм профил.

Објавил: admin@magazin | 5 јануари, 2020 12:40

Холивудската убавица Камерон Диаз стана мајка на 47 години

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Камерон Дијаз (47) и Бенџи Маден (40) станаа родители на женско бебе, објави „Дејли меил“.

Холивудската убавица ја сподели среќната вест со светот во четвртокот на својот Инстаграм профил.

– Среќна Нова Година од нас Мадени! Толку сме среќни, благословени и благодарни што го означивме влегувањето во оваа нова деценија со раѓањето на нашата ќерка, Радикс Маден, која веднаш ги освои нашите срца и го наполни нашето семејство – напиша Камерон на социјалната мрежа.

Денеска е една од најплатените актерки во Холивуд, добивајќи 20 милиони долари за продолжението на „Чарлиевите ангели“ со што стана втората глумица, после Џулија Робертс, со толку голема заработка за само еден филм.

Камерон Диаз е американска филмска актерка и поранешен модел. На 16 година заминала од својот дом и работела како фото модел, а во следните пет години живеела на различни локации низ целиот свет. Иако без актерско искуство, во 1944 година дебитира на филмското платно со филмот Маска (Mask), каде што ја толкува понежната половина на актерот и комичар Џим Кери.

После неколку улоги во нискобуџетни и непопуларни филмови нејзината популарност почнала да расте во 1998 кога ја одигра главната улога во романтичната комедија Сите се луди за Мери (There’s Something About Mary).

Две години подоцна ја игра главната улога во филмот Чарлиевите ангели (Charlie’s angels), а во 2001 учествува во филмот „Небо со боја на ванила“ заедно со Том Круз, за подоцна да го даде гласот на принцезата Фиона во популарниот анимиран филм Шрек. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.