Околу клиниката се поставени шатори за прием и тријаж кај пациенти, но тие немаат загревање а температурата се движеше околу нулата последните денови.

Објавил: Рејхан Бајрами | 3 декември, 2020 13:59

Хрватскиот здравствен систем ПРЕД РАСПАД: Пациент со пневмонија чека 9 часа во ладен шатор(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пандемијата „ковид-19“ го приближи хрватскиот здравствен систем до пресвртница и се повеќе се забележува дека лекарите и медицинските сестри не се грижат за пациентите со заслуженото внимание.

Последниот ваков пример доаѓа од Клиниката за инфективни болести д-р. Фран Михајлевиќ.

Околу клиниката се поставени шатори за прием и тријаж кај пациенти, но тие немаат загревање а температурата се движеше околу нулата последните денови.

Зринка објави фотографии од нејзиниот татко на Фејсбук, кој чекаше со часови во ладен шатор со воспаление на белите дробови.

“Татко ми има сериозна пневмонија. Ја спуштивме температурата од 39,5 за да одиме во собата за итни случаи во голем леден шатор и чекавме таму четири часа”, напиша вчера Зринка на фејсбук!

Пациентите кои чекаат во шаторот, тврди таа немале што да облечат освен сопствената облека во која дошле, но биле оставени со часови да чекаат на студ.

Со обезбедувањето успеа да го извади ќебето од болницата за да стане барем малку подносливо за пациентите.

На крајот, таа и нејзиниот татко чекаа цели девет часа на преглед, за да се тестираат за ковид-19 по втор пат за два дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.