За многу години!

Објавил: admin@magazin | 4 април, 2021 10:12

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

Почитувани,

Дозволете ми да Ви го честитам најголемиот христијански празник ‒ Велигден.

Ја користам оваа можност пред сè да Ви посакам добро здравје, мир, хармонија и среќа.

Нека светлината на овој празник се всели во срцата и во домовите на сите верници, исполнувајќи ги со верба и со надеж за истрајување во сите искушенија и предизвици.

Повеќе од една година целото човештво се соочува со пандемијата со Ковид-19 која предизвикува страв и вознемиреност.

Нашето секојдневие е променето и долгиот период на неспокој и на социјално дистанцирање остава дополнителни последици.

Да не дозволиме да нè надвладеат апатијата и малодушноста, и да го зачуваме оптимизмот и да ја негуваме духовноста. Токму Велигден е празникот на надежта, кој ги слави животот и Христовата победа над смртта.

Се надевам дека и годинава овој голем празник ќе биде инспирација да се издигнеме над сите премрежија и неволји. Сплотени, солидарни и одговорни да ги надминеме страдањето и стравот, и да излеземе како победници во борбата со подмолниот вирус.

Нека е за многу години големиот празник!

Стево Пендаровски

Претседател на Република Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести