Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Објавил: Перо Милчин | 18 јануари, 2021 16:39

Честитка од Џафери по повод Богојавление – Водици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска до сите православни христијани упати честитка по повод утрешниот христијански празник Богојавление – Водици.

-Дозволете од свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и да Ви посакам празникот да го дочекате и поминете во добро здравје, мир, спокој, семејна благосостојба и топлина.

Нека водата што е симбол на давање живот и повторно раѓање на надеж биде присутна со своето благотворно дејство и во нашите души, тела и мисли.

Нека солидарноста, хуманоста, взаемната почит и разбирањето се шират и допрат во секоја пора од нашето општество за да бидат темелот врз кој ќе се гради еднакво, правично, напредно и пред се хумано општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува свој на своето и ќе се грижи подеднакво за личниот и колективен напредок и благосостојба, нашиша Џафери во честитката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести