Обединетата македонска дијаспора му честита на изборот!

Објавил: Владо Марин | 3 март, 2020 6:18

ЧЕСТИТКИ: Македонец стана министер за надворешни работи на Уругвај

Фото/Текст извор: ©magazin

Ернесто Талви, по татко Македонец, а мајка Кубанка, е нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Обединетата македонска дијаспора му честита на изборот и порачаа дека се надеваат дека Македонија и Уругвај ќе ги зајакнат билателарните и трговски односи, објави Фокус.

-Утрово, ОМД му честиташе на Ернесто Талви, кој е од македонско потекло по татко, што стана министер за надворешни работи на Ориентална Република Уругвај. Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист. Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство.

Уругвај е независна држава во Јужна Америка. Уругвај се наоѓа на источната страна на континентот, на источниот брег на реката Угругвај.

Уругвај на запад граничи со Аргентина, на север и исток со Бразил, на југ излегува на реката Рио де ла Плата и нејзината делта, а на југоисток на Атланскиот океан.

Населението на Уругвај е околу 3.44 милиони луѓе, од кои 1.8 милиони живеат во главниот град Монтевидео.

Со своите 176,000 километри квадратни, Уругвај е втора најмала суверена држава во Јужна Америка по површина, веднаш зад Суринам.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести