Храмот Свети Јован Владимир во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.

Објавил: admin@magazin | 13 декември, 2019 18:42

ЧУДО ВО ЦРНА ГОРА: Се расплака иконата на ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (фото)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Копија на иконата на Богородица која се наоѓа во храмот Свети Јован Владимир во Црна Гора, вчера заплака, пишува Курир.рс.

Иконата извесно време мироточела по малку, а синоќа заплакала за што сведочат и фотографиите кои кружат на социјалните мрежи.

Храмот Свети Јован Владимир во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.

-Постојат начини како тоа се проверува, тоа е процес и кога ќе се утврди вистинската состојба, може да се одговори што точно се случува, нема потреба да се создава атмосфера дека е тоа некое чудо, велеа од МПЦ.

Оваа света икона била во рацете на Св. Сава, а српскиот народ веќе 8 векови доаѓа да и се поклони.

Минатата година иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево се случуваше невообичаена работа.

Веднаш по неделната литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона. По извесно време целата икона била оросена. Ваквите случувања во црквата обично се нарекуваат „мироточење на икони“, нешто што не е непознато и честопати се појавува во многу цркви.

Се уште никој не потврди дали во овој случај стануваше збор за „мироточење на иконата на Пресвета Богородица“, или пак водените капки кои се појавиле се резултат на нешто друго.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.