Џафери под притисок, ако се обиде да ги објави Законите за јазици и Договорот од Преспа во Службен ќе одговара пред законот, ако не ги објави ќе изгуби поддршка од членството

Објавил: Мартин Попоски | 3 октомври, 2018 13:16

“Шарените” лаги на Џафери за албанските гласачи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Нелегитимниот во избор, т.н. претседател на Собранието на Македонија, Талат Џафери алијас командант Форина, според партиски извори на ДУИ почнал да се соочува со прашања за кои во кампањата за референдумот имаше “цврст” став.

Имено од високи функционери на ДУИ се дознава дека деновиве по неуспешниот референдум, Талат Џафери се соочува со прашања кога конечно ќе го исполни ветувањето дека ќе ги објави во Службен весник на Република Македонија, Законот за употреба на јазиците но и Законот за Договорот од Преспа.

Џафери ова го повтори кога претседателот Иванов го искористи т.н. џебно вето и по второ гласање на законодавниот дом не ги потпиша законите со што тие правно не може да бидат објавени во Службен весник на Република Македонија а со самото тоа и немаат правна сила.

Џафери својот став дека законите со или без потписот на Иванов ќе бидат објавени со Службен ги повтори во екот на кампањата за референдум со реченицата, дека следниот ден по референдумот законите ќе бидат објавени со што ќе стапат во правна сила.

Три дена по референдумот Џафери молчи пред медиумите но партиските функционери прашуваат до кога ДУИ ќе ја злоупотребува нивната доверба со шарени лаги, притоа потенцирајќи дека Закон објавен во Службен весник на Република Македонија без еден од потребните два потписи ( претседател на Собрание на Македонија и претседател на Република Македонија ) е кривично дело и дека прв кој ќе оди затвор е директорот на Службен весник.

Членството го обвинува Џафери за манипулација, прашувајќи дали сега како изговор ќе ја има политичката криза за уставни измени и што ако се оди на предвремени избори? 

Ваквите прашања според функционери на ДУИ се меч со две острици, затоа што ако Џафери го прекрши Уставот, Законот и Деловникот ќе има правни последици и нова политичка криза која нема да ги легализира законите но од друга страна ако не ги објави, ДУИ слободно може да не се надева на поддршка на добар процент од редовниот електорат затоа што токму тие два закони, особено законот за употреба за јазиците беше основ за гласање и за предвремените парламентарни 2016 година но и локалните избори 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести