Заев рече дека ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата – потенцира Заев.

Објавил: Перо Милчин | 29 јули, 2019 15:09

ШОКАНТНА БРОЈКА: Заев најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата, ги соопшти бројките и фактите објавени од СТО на 15-ти јули годинава и најави нов инвестициски циклус од пет милијарди евра.

Премиерот Заев рече дека во Македонија е создадена реална и силна економија и дека направено е се за да ја оттргнеме економијата од бизнисот.

Заев рече дека ревизијата на СТО е уште еден доказ дека економските политики на Владата даваат резултат. Оваа, 2019, навистина ќе биде година на економијата – потенцира Заев.

Со посветена работа успеавме да ги стабилизираме економските текови и состојби. Компаниите растат и се развиваат, расте нивната конкурентност, се зголемуваат бруто-инвестициите, а прогрес бележи и градежништвото – истакна премиерот.

Премиерот низ бројки ги пренесе показателите содржани во ревизијата на Светската трговска организација, а исто така напомена дека инвестициите се зголемени, земјава направи скок од 25 места според глобалниот инвестициски индекс, а драстичен раст бележи и извозот.

Зголемен БДП за над 40 отсто, позитивен раст на платите, намалена невработеност, вратена доверба кај инвеститорите, зголемени вложувања, се само некои од показателите содржани во најновата ревизија на Светската трговска организација (СТО) што покажува дека нашата економија е на добар пат, а владините политики даваат резултат, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...