– Таму станува збор за огромни пари за милион евра тука Обвинителството потфрли и тука е најголемата грешка.

Објавил: Владо Марин | 20 април, 2020 14:58

Ѓурчески: Кичеец секогаш се вртел во криминалните структури!

Фото/Текст извор: ©Алфа

Торба Луј Витон тешка 1,5 милион евра, Зоран Милески Кичеец изнесе од домот на Орце Камчев, но обвинителството и по 1 години откако е пријавен Рекетот не утврди каде завршиле парите и кој колку се офајдил од милионот.

Сепак, иако на незавршена истрагата за Кичеец, кој е првостепено осуден во случајот Рекет, ОЈО му ја прифати гаранција во имот без да утврди потекло на пари, анализира за Алфа експертот по безбедност и криминалистика Љубомир Ѓурчески.

– Таму станува збор за огромни пари за милион евра тука Обвинителството потфрли и тука е најголемата грешка. Ако тоа се утврдело тогаш ќе се поставело прашањето дали обвинителството ќе било спремно да го прифати нагодувањето со Зоран Кичеец односно признавањето на вина или ќе одело на тоа  да го задржи по секоја цена како обвинето лице затоа што тој се стекнал можеби со повисокоа материјална корист. Можеби и дел од оваа гаранција сега што ја дава можеби е стекната од тие пари кои беа предмет на кривичното дело – вели Ѓурчески.

Признанието на делото од страна на Кичеец според Гурчески е паметен потег, бидејќи немал поинаков излез од фактичката состојба која ја виде и јавноста преку видео снимките од безбедносните камери на Камчев.

Но отвара дилема фактот дали тоа било пресметан чекор за да се направи дефокусирање и истрагата за Кичеец да прекине овде, односно да не се утврди потеклото на неговиот имот и на каков начин тој го стекнал низ годините.

За конкретното лице обвинителството требало да си поведе постапка за испитување на имотот но во друг дел. Друга постапка затоа што тој на секој чекор, барем во последните 10 до 15 години искуствата наши покажуваат тој секогаш се вртел во криминалните структури, односно во подземјето. И бил близок до структури кои што сторувале одредени кривични дела неовластено посредување, перење пари, трговија со дрога …

Зоран Милески Кичеец беше второбвинет во случајот Рекет, на првото рочиште го призна делото и судот го осуди на 3 години затвор, а мерката притвор му ја замени со куќен притвор. По 10 месеци, судот ги укина сите мерки на претпазливост. Кичеец чека одлука на Апелација односно дали ќе му ја намали затворската казна, во која му се пресметуваат и деновите поминати во притвор.

Во меѓувреме случајот Рекет во кој се обвинети Боки 13 и екс специјалната обвинителка Катица Јанева е во доказна постапка.

Боки 13 е во притвор во Шутка, а Јанева е во куќен притвор. Одбраната на Јанева во телефонски разговор ни посочи дека по одлуката за укинување на мерката на Кичеец, најверојатно и тие повторно ќе понудат гаранција за Јанева да се брани од слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...