Зорица Чавкова одново се огласи на Фејсбук, но овој пат за вилата на Халкидики

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 март, 2019 11:43

Ќерката на Чавков се огласи на Фејсбук- вилата на Халкидики е лага

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Откако вчера на својот Фејсбук профил ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков се обрати дирекно на актуелниио премиер Зоран Заев денеска таа одново се огласи на Фејсбук, но овој пат за вилата на Халкидики, поради која и вчера беше уапсен Чавков.

Таа револтирана од сите наслови, и објави поврзани со нејзиниот татко објави: Го повикувам обвинителството јавно да обзани барем еден доказ со кој се поткрепува информацијата, од службената белешка на МВР, дека Чавков поседува вила на Халкидики и дека планирал бегство. Одговорно тврдам дека ова е лага. Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од наредниците и дека ќе се разоткријат истите. За овој случај ќе бидат известени сите меѓународни субјекти, сите амбасади.

Таа исто така објави дека ќе си лежи оној кој што ја измисли вилата на Халкидики.

Не знам дали тие што му дале задача, да измисли една таква службена белешка,му објасниле какви ќе бидат последиците према него.

Инаку Чавков вчера беше приведен поради можно бегство од државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести