„Еве, во моментов ми стигна порака за пожар во Тетово и дека е реагирано и дека истиот е изгаснат. Така што јас во реално време добивам информации за случувањата и сум многу задоволен поради тоа што јас во секој момент сум запознаен и ако има потреба можеме веднаш да реагираме“, кажа Ангелов.

Објавил: admin@magazin | 17 септември, 2021 3:58

ЌЕ ИМАМЕ ПОПЛАВИ, ЗАСУКАЈТЕ ГИ РАКАВИТЕ, ВЕЛИ АНГЕЛОВ

Фото/Текст извор: ©магазин

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за пожарите во малешевијата, за кои имавме помош од други земји.

Многу скоро можни се поплави во земјава, по долгиот сушен период, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, апелирајќи до локалните власти дека треба да се исчистат каналите.

Исто така Ангелов кажа дека граѓаните добиле погрешна слика дека Австријците го изгасиле пожарот, туку тоа го сториле сите, а таму имало многу други луѓе.

Некако се добива погрешна слика за пожарите. Австријците точно многу помогнаа, јас не сум неблагодарен. Ќе го изгасевме и ние, но на потешкиот начин. Мислам ќе изгореше повеќе шума.

Таму имаше пожарникари од Србија, Бугарија, Романија, од Австрија, да не ги заборавам нашите пилоти, потоа мештаните таму и сите од други градови кои дојдоа да помогнат“, рече Ангелов.

„Еве, во моментов ми стигна порака за пожар во Тетово и дека е реагирано и дека истиот е изгаснат. Така што јас во реално време добивам информации за случувањата и сум многу задоволен поради тоа што јас во секој момент сум запознаен и ако има потреба можеме веднаш да реагираме“, кажа Ангелов.

Целата изјава низ видео:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести