За смртта на Димовски се дозна преку социјалните мрежи откако неговите роднини и пријатели објавуваа постови за изразување сочувство, но револт за прерано загубениот млад живот.

Објавил: Перо Милчин | 26 август, 2022 19:30

Ќе се врши ексхумација и обдукција на беровчанецот кој почина од сепса по интервенција на загноен заб

Фото/Текст извор: ©telma

Ќе се врши ексхумација и обдукција на 25-годишниот беровчанец кој почина од сепса по интервенција на воспален и загноен заб, објави Телма.

Обвинителството од Штип денеска соопшти дека отворило предмет по информациите во медиумите и ќе испитува дали има лекарска грешка во третирањето на младиот Јован Димовски кој почина на 25 години.

За смртта на Димовски се дозна преку социјалните мрежи откако неговите роднини и пријатели објавуваа постови за изразување сочувство, но револт за прерано загубениот млад живот.

Дополнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог, итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзана со лекувањето на пациентот“, се вели во соопштението.

По завршувањето на инспекцискиот надзор, од ДСЗИ велат дека ќе биде изготвена комплетна информација за констатирана фактичка состојба, a ќе се иницира и формирање комисија за стручен надзор до министерот за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...