-На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието – порача тој.

Објавил: Рејхан Бајрами | 28 април, 2020 5:31

ЏАФЕРИ: Ова е обид за пуч, освен народот, никој не смее да свика собрани(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранискиот спикер Талат Џафери останува на ставот дека парламентот откако се распушти не може да се свика пред да се одржат парламентарни избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека било кој друг начин освен по избори за заседавање на Собранието е обид за пуч. Тој ова вечерва го изјави во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

-Собранието може да се врати само на следните избори, и тоа може да го стори народот – изјави Џафери во Клик Плус на ТВ 21.

-На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. По наредните избори ќе се собере Собранието – порача тој.

Џафери изјави дека се правело притисок врз него за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот.

Инаку до Собранието иницијатива за негово повторо свикување поднесоа пратеници од СДСМ, а на иницијативата не се приклучи ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести