„Pretty Woman“ е филм од 1990 година кога Џулија Робертс имала само 22 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 22:53

Џулија Робертс за филмот „Pretty Woman“- во филмот има грешки, денес не би успеал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Познатата холивудска актерка Џулија Робертс во едно интервју за The Guardian изјави дека култниот евергрин, филмот  „Pretty Woman“ денеска не би успеал.

Џулија за улогата на Вивиен се подготвувала две недели во клиника во Холивуд.

Филмот кој испраќа порака дека спротивностите се привлекуваат, популарен е повеќе од 23 години но актерката вели дека тоа не е приказна за 2019 бидејќи како што вели има толку многу дупки во приказната. Инаку овој филм, „Pretty Woman“ без сомнение е еден од омилените меѓу романтичните комедии, но има толку многу работи во приказната кои веќе не „поминуваат“ во ова време па дури и актерката која ја игра главната улога го дели тоа мислење.

„Pretty Woman“ е филм од 1990 година кога Џулија Робертс имала само 22 години. Во филмот се работи за проститутка која ја игра Џулија Робертс, која е „спасена“ од богат бизнисмен чија улога ја игра познатиот Ричард Гир. Тие се вљубуваат и живеат среќно до крајот на животот. Инаку улогата на Вивиен која ја толкува Џулија Робертс била понудена на повеќе актерки, но Мег Рајан, Мелани Грифит, Шерон Стоун, Мишел Фајфер, Дерил Хана биле оние кои ја одбиле оваа улога пред да ја добие Џулија Робертс и тоа поради неговото анти-феминистичко сценарио.

Инаку Дерил Хана исто така даде негативен коментар за овој филм. Според актерката оваа приказна била продадена како модерна бајка без да се размисли дека всушност станува збор за проститутка која станува дама благодарение на еден богат и влијателен човек.

„Мислам дека филмот е деградирачки за целиот женски род“, изјави Хана.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.