Адеми на новинарско прашање посочи дека учебници не недостигаат, но има оштетени учебници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 септември, 2019 13:55

Aдеми: Ќе заврши постапката за печатење на нови учебници

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Арбер Адеми министерот за образование и наука  денеска пред отворањето на меѓународниот собир по повод 60 години постоење на Катедрата за италијански јазик и книжевност при Филошкиот Факултет „Блаже Конески” изјави дека заврши  јавната набавка но и електронската аукција и дека во текот на наредната недела треба да се потпише одлуката за избор на најповолна понуда и учебниците кои не биле отпечатени во последните четири пет години ќе бидат отпечатени и дистрибуирани до сите училишта.

Во периодот 2009-2013 беше Амбасадор на Република Македонија во Кралство Данска и активно работеше на градење силни билатерални односи меѓу Кралството Данска и Република Македонија, како и на поддршка на интеграцијата на Република Македонија кон Европската заедница.Во периодот од 2003 до 2009 година извршувал функции во Општина Гостивар како раководител на сектор за урбанизам и заштита на животната средина, раководител на одделение за локален економски развој, и како консултант во Одделението за имплементација на проекти.

Адеми на новинарско прашање посочи дека учебници не недостигаат, но има оштетени учебници.

Треба да се направи една мала дистинкција кога станува збор за набавување учебници, учебниците кои се откупуваат од издавачките куќи се дистрибуирани во сите училишта, а има учебници за кои МОН го има ексклузивното право и за кои одиме преку јавна набавка за печатење. Во последните четири пет години за жал не се реализирала таква јавна набавка, бидејќи секогаш била поништувана пред некоја втора инстанца или судски инстанци. Оваа недела таа постапка ќе заврши – рече Адеми.

Toj додаде дека учебниците по македонски јазик, по географија, историја и музичко се ексклузивно право на МОН, за нив се води постапка и ќе бидат отпечатени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести