Согласно Преспанскиот, трговските марки на македонските брендови веќе нема да смеат да се нарекуваат така, за нив ќе има посебна комисија која ќе формулира ново име/назив

Објавил: Мартин Попоски | 16 декември, 2018 12:38

„Made in Macedonia“ заминува во историјата, Преспанскиот ќе избрише стотици трговски марки

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

„Made in Macedonia“, македонски, „најдоброто од Македонија“, македонскиот рубин, македонското вино, се само дел од трговските марки кои најверојатно ќе заминат во историја поради договорот со Грција.

Уставните измени се само првата обрска која нашата држава мора да ја исполни. Потоа ќе следува формирање комисија со која ќе треба да се променат имиња и термини за комерцијална намена.

За територијата на Република Македонија од вкупно 14.556 трговски марки на македонски субјекти, 79 го содржат зборот Македонија, 77 англиската верзија на името Macedonia, а придавката македонски ја содржат 12 регистрирани трговски марки.

Кратенката МК е содржана во вкупно 93 случаи, а кратенката МАК во 35.

Во Договорот со Грција стои дека:

Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата закомерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво.

Ова беше потврдено и од страна на македонскиот премиер Заев, кој кажа дека во наредните три години ќе треба да се решат одредени проблематики, кои не биле приоритет да бидат решени во самиот договор.

Договорот тоа го опишува, после тоа следуваат обврските на Парламентот на Грција. Со тоа после треба да почне да се применува. Односно во одредени делови имаме одредени рокови, во рок од толку и толку време ќе треба да се дефинираат одредени работи, работи кои што не беа од таков приоритет за да бидат конечно решени восамиот договор. Односно делот на она кое што таму е запишано во рок од 3 години да се решат одредени проблематики. – премиерот Заев.

Дел од стопанствениците велат дека неизвесноста околу овој проблем ги отвора прашањата дали ќе треба да се променат дел од називите на фирмите или пак на имињата на некои брендови, кои веќе се заштитени во меѓународни рамки.

Иако не сакаат да коментираат, велат државата нема право да ги ограничи во изборот на името на својот производ при што дополнително, вонредното регистрирање во Државниот завод за индустриска сопственост, промената на етикетите и рекламните материјали, за нив би значел дополнителен трошок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...