Охрид го губи статусот на град на УНЕСКО поради неконтролирано градење

Објавил: Узунов Бобан | 21 мај, 2019 13:27

(фото) ЕКСКЛУЗИВНО: Охрид го губи статусот на град на УНЕСКО, се прогласува мораториум на сите градби?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Комитетот за светско наследство при Обединетите нации на состанокот одржан на 20 мај во своите заклучоци утврдил дека поради недоволниот прогрес во справувањето со несоодветниот инфраструктурен развој  и несоодветниот урбан развој и експлоатација на охридиското крајбрежје Охрид најверојатно ќе го изгуби статусот на град на УНЕСКО ?!

Дел од необјавениот извештај на УНЕСКО со кое се утврдува дека Охридскиот регион се става во листата на загрозени светски културни наследства.

Во Извештајот е утврдено дека: “УНЕСКО со загриженост констатира дека областа (Охридско-струшкиот регион и крајбрежје н.з) останува под влијание на несоодветен развој на инфраструктурата, преголем и несоодветен урбан развој и експлоатација на брегот, зголемено загадување, уништување и фрагметација на природната животна средина, тежок притисок на турзимот, и прекумерно и неконтролирано градење, и  прекумерна експлоатација на крајбрежните зони со што се загрозува  природната и културна вредност на областа. 


Ваквите препораки од УНЕСКО се шамар за актуелната власт која поради политички поени и пазар во Охрид го толерира дивото градење на минарето на Алипашината џамија во Охрид, градењето во старото градско јадро од страна на советникот на ДУИ во Охрид Нефи Усени, како и диво градбата на хотелот кај Лагадин. Власта го толерираше и палењето на трската во Струга, а ниту градоначалникот ниту пак Владата не превзема никакви чекори. Во сите овие случај премиерот лично одржуваше состаноци и правеше компримиси со цел овие градби надвор  од сите законски одредби да продолжат да се градат. Според експертите ова е најголем пораз на Македонија на културно поле. 


Понатаму во Извештајот се утврдува дека: Поради несоодветнот напредок во решавањето на горенаведените проблеми и во продолжувањето на постоечките закани и на огромните инфраструктурни и развојни проекти, се ОДЛУЧУВА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН (“СЕВЕРНА” МАКЕДОНИЈА)  ДА СЕ ЗАПИШЕ ВО СВЕТСКАТА ЛИСТА НА НАСЛЕДСТВА ВО ОПАСНОСТ. 

Исто така поставува БАРАЊЕ ДО МАКЕДОНИЈА: ДА ВОСПОСТАВИ МОРАТОРИУМ НА СИТЕ УРБАНИ И КРАЈБРЕЖНИ ТРАНСФОРМАЦИИ ВО ОБЛАСТА СЕ ДОДЕКА СИТЕ РЕЛЕВАНТИ ПЛАНОВИ ЗА ГРАДЕЊЕ НЕ СЕ ЗАВРШЕНИ И ДОНЕСЕНИ. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести