Ова се случува откако вчера беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јули, 2019 19:38

Ангела Меркел седеше за време на интонирањето на химната- ја крие ли својата здравствена состојба?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако веќе три пати на јавен настан непрестано се тресеше при интонирањето на химната, германската канцеларка Ангела Меркел денеска реши да седне покрај данската премиерка Мете Фредериксен за време на интонирањето на химните во Берлин.

Меркел заедно со данската премиерка Мете Федериксен

Ова се случува откако вчера беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел.

Инаку денеска германската канцеларка, Меркел заедно со нејзината гостинка седеше пред зградата на Владата во Берлин, иако тоа е недозволено односно е против протоколот за време на вакви државни церемонии.

На вакви церемонии е наложено да се стои за време на интонирањето на химните.

За потсетување, германската канцеларката Меркел, вчера по трет пат имаше треска додека стоеше со финскиот премиер, па поради тоа денес било одлучено за време на интонирањето на химните, наместо да стои, Меркел заедно со својата гостинка да седи.

Ваквата состојба на Меркел за прв пат беше забележана за време на состанокот со новиот украински претседател Владимир Зеленски на 18-ти јуни.

Инаку денеска Меркел на новинарско прашање за нејзиното здравје на заедничката прес-конференција со данската премиерка Мете Фредериксен, изјави дека народот мора да ја разбере дека е многу свесна за одговорноста на нејзината работа. Одговорно се однесува кога нејзиното здравје е во прашање.

Таа рече дека наредната недела ќе го прослави својот 65ти роденден, шегувајќи се дека секој роденден ја потсетува дека е постара.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести