Магазин редовно спроведува онлајн Анкети со цел да допреме до некоја можна реална бројка. Гордана Силјаноска е првиот сигурен кандидат, останатите се можни кандидати

Објавил: Македонка Димкин | 26 февруари, 2019 21:15

АНКЕТА: За кого „БИ„ гласале на претстојните претседателски избори?

Фото/Текст извор: ©магазин

Македонските претседателски избори од 2019 година — шести претседателски избори во Македонија кои треба да се одржат на 21 април 2019 година, на кои ќе се избере петтиот претседател на Македонија. 

Ова се првите избори по стапување на сила на Преспанскиот договор со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го добива името Северна Македонија. Претседателот во заминување Ѓорге Иванов, кој се противи на договорот, повеќе не може да се кандидира поради уставното ограничување од најмногу два претседателски мандати.

Важно : Системот за гласање не дозволува да гласате повеќе од еднаш од една IP адреса. Нашите анкети не се засноваат на научни и статистички закономерности.
Анкетата започна на 25 февруари 2019 во 16:30 часот, и ќе се заклучи автоматски на 03 март 2019 во 23:59 часот.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата првопласирани кандидати од првиот круг. Одзивот во втор круг треба да биде минимум 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

[yop_poll id=15]

Заедно со претседателските ќе се одржат и локални избори во општините Дебар, Ново Село, и Охрид за да се изберат нови градоначалници бидејќи таа функција ја обавуваат вршители на должност. Во Ново Село причина е апсењето на градоначалникот Боро Стојчев поради шверц со цигари, а во Дебар и Охрид причина е ненадејната смрт на градоначалниците Ружди Љата и Јован Стојаноски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анкета

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти!

Активни 18.909 случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Во државава вчера беа региистрирани 18.909 активни случаи со Ковид-19, од кои најголем...

Анкетата на Детектор покажува дека речиси 40 отсто од граѓаните половина од својот месечен буџет го трошат нисклучиво на храна.

Детектор: Две третини од граѓани не можат да си ги покријат месечните трошоци со платата

Речиси две третини од граѓаните не можат да ги покријат месечните трошоци со своите...

Анализата на Евротинк покажува дека за разлика од лани, негативното мислење за Бугарија се зголемило за 20 проценти, односно од 0,5 отсто во 2018 година, сега изнесува 23,1 проценти, со што, според претставници на Евротинк, таа ја заменува традиционалната позиција на Грција.

Македонските граѓани сметаат дека Бугарија е наш најголем непријател

Најголем дел од македонските граѓани сметаат дека најголем надворешен непријател...