Вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер каде Антониа настапи последна, а пред публиката и жирито се претстави со уште една балада, овој пат француската „Је t’aime“.

Објавил: Весна Петровска | 8 јуни, 2019 15:52

БАЛКАНОТ ЗАНЕМЕ: Антониа запеа, па се струполи на бината

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонската преставничка Антониа Гиговска која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“ повторно ја освои публиката.

Антониа Гиговска е единствената Македонка која се натпреварува меѓу најдобрите од „Пинк ѕвездички“ во изданието „All stars“.

Вчеравечер се одржа првата полуфинална вечер каде Антониа настапи последна, а пред публиката и жирито се претстави со уште една балада, овој пат француската „Је t’aime“.

Вокалната изведба уште еднаш ги воодушеви членовите на жирито кои на крај само и потврдија дека како овој настап, така и сите претходни, Антониа едноставно е непогрешлива.

Тоа што нималку не фрли сенка на нејзиното претставување, иако беше незгода, е тоа што за време на изведбата Антониа несакајќи се сруши на сцената врз едно од девојчињата кое танцуваше.

Антонија Гиговска во последниот период беше топ тема во медиумите поради своето ново момче кое воедно е и нејзин колега. Парот реши повеќе тоа да не го крие па официјално споделија заедничка фотографија на социјалн ите мрежи.

За потсетување, во текот на 2015 и 2016 учествуваше во шоуто Пинкови Ѕвездички каде го освои 7-то место.  Антониа во 2018 учествуваше на романскиот натпревар “Златен Елен” каде го освои второто место.Во 2018 беше избрана за бек-вокал на бендот кој ја претставуваше Македонија на Евровизија.

Исто така Антонија и оваа година  беше дел од евровизискиот тим на Тамара Тодевска во Тел Авив каде направија историски пласман со освоено 8 место.  Имнтересно од се беше што вокалот на Тамара, Антонија Гиговска од Тел Авив директно замина на својата матурска вечер, што не успеа да биде дел од пречекот на евровизискиот тим предводен од Тамара на скопскиот аеродром.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.