Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда), објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 април, 2021 19:00

Бектеши: Од среда целосна забрана за работа на угостителските објекти, да не се прават дополнителни залихи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Почнувајќи од 7 април 2021 (среда), сите угостителски објекти (кафеани, ресторани, барови, клубови) ќе имаат целосна забрана за гости/посетители. 

Оваа мерка, како што денеска одлучи Владата на Македонија, по предлог на Комисијата за заразни болести ќе важи до 20 април 2021 година (среда), објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

“Министерството за економија како надлежна институција за развој на туристичко угостителскиот сектор во Република Северна Македонија ги известува сите чинители дека поради актуелната состојба со пандемијата од Коронавирусот принудени сме како Влада да преземаме конкретни чекори се со цел заштита на здравјето на сите граѓани.  

Целосна забрана да примаат гости ќе имаат и хотелите, мотели,  хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна. Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт. Исклучок се рестораните во склоп на хотелите, мотелите, хостели и пансиони за оние лица кои се сместени како гости, како и угостителскиот објекти на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид“ објави министерот и додаде дека Министерството за економија секогаш е за поддршка на секторот, но очекува разбирање и соработка се со цел надминување на оваа ситуација.

“Препорачуваме до сите угостителски објекти да не прават дополнителни залихи денеска и во текот на утрешниот ден со цел да се избегнат поголеми загуби од воведените рестрикции за работа. Министерството за економија во континуитет работи за поддршка на туристичко-угостителскиот  сектор со цел за полесно справување со негативните ефекти од пандемијата.  

Поддршката  ќе продолжи и во наредниот период. Министерството за економија ќе продолжи да креира мерки за поддршка на секторот. Најважно од се во овој момент е здравјето на граѓаните“ пиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...