Министерот потенцираше дека имајќи во превид дека во минатото оваа финансиска поддршка може да ја користат само компаните кои што се занимаваа со производство, со овие измени тој опфат ќе се зголеми.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2021 8:37

Бектеши: Со измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиците ќе го зголемиме опфатот на компании кои ќе може да аплицираат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за економија подготви измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кои ќе се зголеми опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за државна поддршка, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во 24 Анализа на Телевизија 24.

“Во текот на оваа недела, најдоцна на почетокот на следната недела Министерството за економија ќе достави до Стопанските комори драфт- веризја на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Имајќи во предвид дека таму има одредени критериуми во однос на бројот на вработени, во однос на приходите од минатата година, ние ќе ја користиме можноста да направиме дополнителни промени за да го зголемиме обемот на компании кои што може да ги користат мерките од овој Закон“ кажа Бектеши.

Министерот потенцираше дека имајќи во превид дека во минатото оваа финансиска поддршка може да ја користат само компаните кои што се занимаваа со производство, со овие измени тој опфат ќе се зголеми.

„Во Уредбата со законска сила која што ја донесовме за време на Ковид ги вклучивме и компаниите кои што се занимаваат со трговија, но имаат инвестиции во машини, опрема, и хали и идеата е да видиме таква мерка да го прошириме опфатот и да вклучиме и други сектори да може и тие да ја користат оваа можност и на таков начин да го зголемат изозот и да придобијат нови пазари“ кажа Бектеши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...